Најавени низа оставки во британската Влада, една веќе поднесена утрово

Макфакс

22/07/2019

13:51

869

Големина на фонт

а а а

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, утрово поднесе оставка. Се очекува вкупно 12 министри неделава да ја напуштат британската Влада.

„Алан Данкан даде оставка. Ја предаде утрово“, објави уредникот на политичката рубрика на „Тајмс“. Истовремено, британски „Телеграф“ објави дека тоа ќе го сторат уште 12 министри, и тоа од денес до среда.

Оставката на Данкан следи во пресрет на гласањето на Конзервативната партија за нов лидер, а со самото тоа и за британски премиер, а најверојатно тоа ќе биде Борис Џонсон, лутиот противник на досегашната премиерка Тереза Меј.

Членови на британската владејачка Конзервативна партија имаат рок до 17 часот по локално време да испратат поштенски гласачки ливчиња на чија основа утре ќе се прогласи победникот помеѓу Борис Џонсон и Џереми Хант.



Спонзорирани линкови

Маркетинг