Враќање на империјата: Јапонија на чекор до повторно формирање на војска! Премиерот Абе по победата на изборите може да го менува Уставот

Точка

22/07/2019

12:09

2.523

Големина на фонт

а а а

Владејачката Либерално-демократска партија лесно победила на уште едни избори во Јапонија. На вчерашното гласање за Горниот дом на Парламентот освоила помеѓу 67 и 77 мандати, од 124 за кои партиите се бореле, покажуваат анкетите.

Горниот дом, чии половина пратеници Јапонците ги бираат на секои три години, брои вкупно 245 места, па е помалку моќен од Долниот, но на премиерот Шинзо Абе од конзервативната ЛДП му е потребен ако се одлучи да го менува уставот и да започне со создавање на војска. 

Основниот закон на земјата, кои го напишале Американците по Втората светска војна, моментално тоа и го забранува на Јапонија. За промена на уставот, на ЛДП и партнерите им се потребни 85 освоени мандати, па нивното освојување било под знак прашалник. Во Долниот дом десницата веќе има двотретинско мнозинство.

Во овој момент недостасуваат четири месеци за Абе да стане најдолговечен премиер во историјата на Јапонија, бидејќи на тоа место дошол во 2012-та. Две децении пред неговото доаѓање на власт, Јапонците се бореле со речиси постојана рецесија, а под негова управа економијата расте, но сепак поскромно од очекуваното.

Неговата цел, покрај воспоставување на војска, е зголемување на пензиите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг