Златан Ибрахимовиќ постигна перфектен хет-трик и со својата фудбалска магија го реши големото дерби меѓу Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес, но во завршницата од мечот, влезе и во директен клинч со противничкиот тренер.
Причина за тоа беше еден невнимателен удар со лакт кој го имаше Златан, а по кој излезе дека фудбалерот на гостинскиот тим има вдлабнатина на лицето. Ел Мунир покажа како изгледа неговото лице по дуелот кој го имаше со Ибра, а од прикажаната рентген снимка, може да се види дека играчот на Лос Анџелес има фрактура поради кога ќе мора да му биде извршена операција.
— Amro Tarek (@amrotarek_) July 22, 2019