Што крие оваа американска нуклеарка? Турки поинт е магнет за крокодили! Тоа им е омилено гнездо

Точка

21/07/2019

17:33

6.201

Големина на фонт

а а а

Американските крокодили на кои своевремено им се заканувало изумирање, сега ги има во се поголем број и се размножуваат на необично место - во каналите околу една нуклеарна електрана во јужна Флорида.

Тим од експерти минатата недела спасил 73 младенчиња крокодили кај нуклеарката Турки поинт, а се очекува дека наскоро ќе излезат уште крокодили. 

Во вештачките канали на оваа нуклеарка долги 270 километри живеат неколку стотици крокодили. Од јануари до април Мајкл Љорет, биолог и експерт за крокодили, им помага на овие животни да ги препознаат местата каде можат да положат јајца.

Кога младенчињата ќе излезат и мајка им ќе ги остави, младите крокодили ги наоѓаат експерти кои ги мерат и им ставаат микрочипови за подоцна да можат да го следат нивниот развој. Потоа ги пренесуваат на друго место каде имаат поголеми шанси за преживување.

Каналите кај нуклеарката се едно од трите најважни живеалишта за крокодилите во САД. Четвртина од 2.000 американски крокодили живеат тука. Според податоците од тимот на FPL, од 1978-ма тука се родиле 7.000 младенчиња крокодили.

Меѓутоа, бидејќи се оставени, тие се наоѓаат на дното на ланецот за исхрана, а само мал број успеваат да преживеат.

"Американските крокодили ги бие глас дека само се обидуваат да преживеат. Тие се срамежливи и не сакаат никаква врска со нас. Луѓето се преголеми за да бидат на нивното мени", заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг