Граѓаните да се воздржат од криминал додека не залади, апелира полицијата во Масачусетс

Макфакс

21/07/2019

14:21

1.734

Големина на фонт

а а а

Полицијата од Масачусетс побара од граѓаните да се воздржат од криминал и нелегални активности до понеделник, поради топлотниот бран што го погоди овој дел на САД, објави денеска Си-ен-ен.

„Едноставно премногу е топло за кршење на законот“, изјавија од полицијата во градот Брејнтри во Масачусетс и препорачаa граѓаните да останат во своите домови за време на топлотниот бран односно да ги одложат нелегалните активности за кога ќе биде поладно.

Полицијата препорачува гледање серии, играње видеоигри или вежбање, изразувајќи надеж дека следната средба со престапниците ќе биде најверојатно од понеделник натаму, кога се очекува опаѓање на температурите.

Најмалку шест лица загинаа во топлотниот брано во САД, каде што се забележани температури од 38 Целзиусови степени во Њујорк и Вашингтон.

Топлотниот бран во централниот дел на САД и на атлантскиот брег би требало да трае до недела навечер по локално време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг