Ангела Меркел се повлекува во планина: Одвај го дочекала одморот, а еве како ќе го минува времето

Точка

20/07/2019

16:28

5.489

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел уште денес има државни обврски, по што ќе замине на одмор. Светските медиуми веќе претходните денови јавиле дека Меркел ќе оди на одмор по својот роденден.

Канцеларката ќе одмара на Алпите, а планира да оди на премиерата на операта "Танхојзер" во Бајројт. 

Како што се наведува, планира да ја чита книгата "Жената која трепери" од американската авторка Сири Хустведт.

Во книгата се зборува за жена која има напади на тресење, исто како и Меркел.

Потсетуваме, Ангела Меркел, која наполни 65 години, веќе неколку пати имала напади на тресење во јавност за време на службени настани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг