Дали некогаш сте се запрашале зошто патничките авиони воглавно се бели?

Точка

20/07/2019

15:31

6.191

Големина на фонт

а а а

Патничките авиони воглавно се бели. Воздухопловен инженер ги открил причините поради кои се прави тоа.

Џил Фаркас, инженер на американска авиокомпанија, за „Дејли Меил“ рекол дека било каква пукнатина на авионот, многу лесно може да се забележи кога тој е во бела боја.

Иако не се очекуваат пукнатини, авионот едноставно мора да биде прегледан, а темна пукнатина на бела подлога лесно се забележува. Авио механичарт Ашутос Раџпуре пак, нагласил дека корозија и протекување на маслото веднаш се забележува.


Тој додал дека полесно е да се пронајде бел авион во случај на несреќа во темни шуми или море, што ги зголемува шансите некој да се спаси.

„Белиот пигмент ги одбива УВ зраците поефикасно отколку било која друга боја. Тоа го разладува авионот додека на земја ги чека патниците“, рекол Фаркас и напоменал дека со белата фарба многу се заштедува. Темната боја почесто треба да се обновува, а боењето на авиони чини околу 180.000 долари.

Белата боја е полесна од другите бои, а и не е потребно да се нанесува на неколку слоеви за да се добие посакуваниот пигмент, како што е тоа случај кај потемните бои.

„Белата фарба е економски поисплатлива од другите. Се користат помалку хемикалии, а тие ја одредуваат цената“, објаснува Фаркас.


Авио-компаниите, парите што ги заштедуваат од бојата можат да ги искористат на било што друго што би ја подобрило услугата или тие пари да ги дадат за маркетинг.

Белата боја е одлична токму заради тоа. На посветла подлога полесно е да се истакне реклама. Компаниите одвојуваат многу пари за да осмислат добро лого, затоа многу е важо тоа добро да се види.

Кога подлогата е бела, шарите на авионот можат да се забележат и од земјата, доколку не е многу високо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг