Чудо на природата: Седум неверојатни факти за морето на смртта

Точка

20/07/2019

16:00

6.045

Големина на фонт

а а а

Мртвото море, Море на смртта и Лотово море се имињата за соленото езеро помеѓу Јордан и Израел чие ниво на сол изнесува 33 отсто.

Се наоѓа на Блискиот исток помеѓу Јордан и Израел и длабоко е околу стотина метри.

Температурата на водата во Мртвото море не расте затоа што околу него владее пустинска клима со температура од 40 степени целзиусови во летните месеци која е причина за големо испарување, додека пак од другата страна, дождовите се многу ретки во ова подрачје.


Солта во Мртвото море изнесува околу 33 отсто. Средоземното море има само 3 отсто сол во водата.

Ќе ве изненади фактот тоа што Мртвото море сепак не е најсоленото езеро на светот. Од него посолено е Асалското езеро во источна Африка со 35 отсто сол и Дон Жуан Понд кое има 40 отсто ниво на сол.

Поради високото ниво на сол во оваа вода можат да преживеат само ретки видови микроорганизми како анаеробните бактерии.


Солите и минералите од оваа вода се многу лековити па поради тоа често го посетуваат луѓе кои патат од кожни болести.

Водата е толку многу густа што го оневозможува пливањето, а никој не може дури ни да потоне, но тоа не значи дека ова место е целосно безбедно.

Спасителската служба редовно ги предупредува туристите да не ја пијат водата од езерото затоа што поголема количина може да ја поремети рамнотежата на електролитите во телото што може да доведе до прекин на работата на некои органи.


Исто така забрането е и нуркање и скокање во водата за да се избегне контактот на солта со очите.

Уште старите Египќани ги користеле лековитите скапоцености на Мртвото море за балзамирање на мумии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг