Ова е единствената дневна комбинација која никогаш нема да излезе од мода: Меланија Трамп одлично го знае тоа

Точка

20/07/2019

14:30

3.462

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама на САД, Меланија Трамп, ги угостиле американските спортисти кои учествувале на Светските летни игри на Специјалната олимпијада.

Со спортистите се дружеле во Овалната соба на Белата куќа и се фотографирале за спомен. Иако станувало збор за неформално дружење, американската прва дама повторно била облечена во елегантна дневна комбинација во свој стил.


Одлично скроени панталони и сако во црна боја комплетирани со едноставна бела кошула.

Комбинацијата била завршена со чевли по кои Меланија е препознатлива, салонки на висока потпетица, а овојпат избрала пар потпетици од црна кожа.


Убавата Словенка уште еднаш покажала дека оваа класична комбинација навистина функционира во сите можни прилики во кои сакаме децентен изглед со безвременска елеганција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг