Одлична симулација: Погледнете како изгледало слетувањето на Месечината

Точка

19/07/2019

18:29

5.328

Големина на фонт

а а а

По повод 50-годишнината од историското слетување на Месечината, од американската вселенска агенција „НАСА“ изработија симулација на последните три минути и седум секунди од летот.

Како што откриваат од „НАСА“, постои снимка од бурното слетување кое Армстронг и екипата го имале на Месечината, направена од камерата прикачена на прозорецот на Олдрин, но таа не прикажува што точно видел Армстронг од неговото пилотско седиште.

Од „НАСА“ користеле снимки на камери со висока резолуција поставени на “Lunar Reconnaissance Orbiter”, вселенско летало кое кружи околу Месечината од 2009-та година и собира податоци за олеснување на откривањето на локациите кои би биле „интересни“ за научно истражување, топографски податоци и траекторијата на движење на „Аполо 11“ до слетувањето на Месечината.

Благодарение на тие снимки, можете да погледнете како изгледало слетувањето на Месечината од перспектива на Армстронг и „Аполо 11“. Секако, симулацијата не е целосно прецизна затоа што е направена со помош на снимки направени подоцна.

На почетокот можете да го забележите кратерот „Вест“ со размер од 190 метри. Армстронг откако го забележува, го насочува модулот веднаш над него, додека на контролата од Земјата се отчитуваат податоци за висината и насоката.

Откако добија потврда за слетувањето, операторот од контролата на Земјата признава дека сите го задржале здивот некое време: „Голем број на луѓе добија сина боја овде. Сега повторно дишеме“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг