Сем Смит го претстави своето најзабавно издание – “How Do You Sleep?”

Точка

19/07/2019

15:09

2.771

Големина на фонт

а а а

Британскиот пејач и текстописец Сем Смит го претстави новиот сингл и видео спот - “How Do You Sleep?”.

На обожавателите не им било потребно многу време за да забележат дека Смит овојпат најслободно досега се претставил себеси. На новата песна и спот со оваа светска ѕвезда работел познатиот текстописец и продуцент Макс Мартин, како и Саван Котеча и ILYA. 

Видеото е во режија на Грант Сингер, додека за кореографијата бил задолжен Парис Гоебел, а оваа екипа на професионалци уште еднаш претставила вистински поп спектакл. Како и досега, доминантната позиција ја зазема препознатливиот глас на пејачот.

“Оваа година, и приватно и музички се чувствувам многу слободно. Се забавував повеќе отколку било кога досега, снимајќи ја оваа песна и овој спот. Време е да заиграме, драги мои”, порачал Сем Смит.

“How Do You Sleep?” се надоврзува на последниот сингл на пејачот, песната “Dancing With A Stranger” која ја претстави во соработка со Нормани, а која досега брои повеќе од една милијарда преслушувања ширум светот.


Во текот на досегашната кариера, Смит продал повеќе од 22 милиони албуми, а неговите синглови дури седум пати биле број 1 на британската топ листа, вклучувајќи ја и песната “Writing’s On The Wall”. Освен тоа, во неговата колекција се наоѓаат дури четири Греми награди, три БРИТ награди и Златен Глобус за најдобра оригинална песна за “Writing’s On The Wall”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг