Де Лихт: Зборовите на Роналдо немаа никакво влијание врз мене, дојдов во Јувентус поради…

Дерби

19/07/2019

14:25

2.176

Големина на фонт

а а а

Матијс Де Лихт ова утро конечно ја дочека својата официјална промоција како нов фудбалер на Јувентус, средба на која од страна на Недвед и Паратичи му беше врачен дресот кој ќе го носи во новата натпреварувачка сезона.

Суперталентираниот Холанѓанец ќе го носи дресот со број „4“ во Торино и пристигнува со јасна цел да направи голем напредок во кариерата, а за време на промоцијата, Де Лихт мораше да зборува и за симпатичната конверзација која ја имаше со Кристијано Роналдо по завршеното финале во Лигата на нации.

Матијс тогаш откри дека Португалецот му порачал да му се придружи во Јуве, но како што вели самиот тој, зборовите на Роналдо немале никакво влијание бидејќи веќе тој бил цврсто решен да му се приклучи на италијанскиот првак.

– По финалето во Лигата на нации, јас веќе бев сигурен дека сакам да му се приклучам на Јувентус. Голем беше комплиментот што Кристијано побара да одам во Торино, но тоа немаше никакво влијаие врз мене, – изјави Де Лихт и додаде.

– Бројот „4“ за мене отсекогаш бил специјален. Го носев уште од младинските денови во Ајакс. Знам дека овој број има големо богатство и во Јувентус, се надевам дека ќе одговорам добро на него. Дојдов во Јувентус бидејќи Италија е најтрадиционална земја за дефанзивци. Јувентус е огромен чекор во кариерата за мене. Имам само 19 години, но имам огромна желба да се подобрувам, – заврши Холанѓанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг