Кејлор Навас му ја соопштил својата конечна одлука на Зидан

Дерби

19/07/2019

14:21

2.038

Големина на фонт

а а а

Кејлор Навас беше голманот кој освои три последователни титули во Лигата на шампионите и незаменлив на голот во првата етапа на Зинедин Зидан како тренер на Реал Мадрид, но дефинитивно тоа ќе се промени во втората авантура која ќе ја има Зизу на „Сантијаго Бернабеу“.

Францускиот стручњак одлучи дека прв голман во новата сезона ќе биде Тибо Куртоа и најави дека нема да има чести промени на гол линијата, па ако првично се мислеше дека статутот на прв голман кој го доби Белгиецот ќе го натера Костариканецот да си пронајде нова средина, сега оваа ситуација добива неочекуван расплет. Кејлор на почетокот велеше дека најдобро за него ќе биде да си пронајде средина во која редовно ќе добие минутажа, но сепак на стартот на летниот подготовки го променил својот став, откако не добил доволно атрактивни понуди од останатите клубови.

Како што јавува угледниот „АС“, Навас донел конечна одлука и на состанокот кој го одржал со Зидан пред неколку дена во Монтреал му порачал дека ќе остане да се бори за своето место во првиот тим, без оглед на тоа што прв избор на тренерот во овој момент е Куртоа. Надроврзувајќи се на сето ова, Реал веќе му пронајде нов клуб на Лука Зидан, а по ваквиот неочекува расплет, повеќе од веројатно е дека нова средина ќе му се бара и на талентираниот Лунин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг