На 20-ти јули 1969 година, Баз Олдрин му се придружил на Нил Армстонг и со тоа станал еден од првите луѓе на Месечината. Тоа е подвиг за кој поголемиот дел од популацијата може само да сонува.
Но, доколку го прашате овој теоретичар на заговори дали Олдрин всушност бил на Месечината или на филмски сет, тој ќе каже дека мисијата Аполо 11 никогаш не се случила.
Секако, секој има право на свое мислење, но доколку сакате директно да го обвините еден од светските херои дека тоа навистина не се случило – ударот во лице е мала цена која ќе ја платите. Познатиот теоретичар на заговори Барт Сибрел го дознал тоа на потешкиот начин.
Во 2002 година, Сибрел се соочил со Олдрин и го обвинил дека лаже дека одел по Месечината.
“Можеш ли да се тргнеш од мене?”, го прашал астронаутот, а по кратката размена на зборови, Сибрел го нарекол Олдрин “кукавица и лажливец”. Баз повторно го замолил да се тргне од него, а кога тој не го послушал, се случило ова:
Remember the time Buzz Aldrin punched a guy who said he didn't walk on the moon pic.twitter.com/OSuRRkz5GL
— Colin Jones (@colinjones) July 4, 2017
Олдрин не бил обвинет за ударот.