Прво ја наследи Меркел на чело на партијата, а сега стана министерка за одбрана! Анегрет сакала да биде наставничка, па заглавила во политиката! Сака рок, има три деца, а еве што прави за викенди

Точка

19/07/2019

18:31

4.112

Големина на фонт

а а а

Анегрет Крамп-Каренбауер ја наследила Урсула фон дер Лајен која станала шефица на Европската комисија, на местото германска министерка за одбрана. Освен тоа, популарно наречената АКК неодамна била избрана за шефица на ЦДУ откако Меркел заминала од чело на партијата.

АКК во Бундестагот е активна од 1998-ма година. Како и Урсула фон дер Лајен, таа е блиска соработничка со канцеларката Ангела Меркел. 

Родена е во Питлинген, каде живее и денес. Била петто од шест деца, а нејзината најстара сестра починала пред Анегрет да се роди. Се омажила во 1984-та година за рударски инженер со кој има три деца.

Нејзиниот сопруг Хелмут Каренбауер ја оставил кариерата за да може да се грижи за семејството.

"Се договоривме дека тој што подобро заработува ќе работи, а другиот ќе ја редуцира својата кариера. Ако нешто во мојата кариера се промени, ќе се смениме. Но, кога сум дома за викенд, јас одам во продавница, јас готвам и чистам", објаснила таа.

АКК за својот приватен живот ретко зборува, а во едно интервју рекла дека нејзините хобија се спрот, танц и слушање на музика.

"Обично слушам постара рок музика, но и госпел и француски шансони. Понекогаш слушам и хардрок, на пример Ред Хот Чили Пеперс", вели Анегрет.

Освен тоа, таа сака да чита, а никогаш не пропушта карневали. Пред матурата сакала да биде бабица, а потоа размислувала да стане и наставничка.

"Секогаш бев примерен ученик", вели таа.

Отсекогаш носела кратка коса. Вели дека нема нерви да чека косата да и порасне. Тврди дека никогаш не пушела марихуана и дека на првиот состанок со сопругот гледале мотоцикли.

"Тој обожува мотоцикли и често ме вози и мене", вели АКК.

На 18 години станала членка на ЦДУ и ја открила страста кон политиката.

Политиката на Ангела Меркел кон мигрантите ја поддржува, но мисли дека се направени некои големи грешки. АКК застапува повеќе конзервативни гледишта.

Поддржува едногодишно служење на воен рок, скептична е кон браковите за сите и го доведува во прашање двојното државјанство кое Турците го имаат во Германија, пишуваат медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг