„Нема да заспијам“: Дали би го погледнале трејлерот за новиот хорор филм кој ќе ви ја замрзне крвта во вените!?

Точка

19/07/2019

16:30

5.166

Големина на фонт

а а а

Љубителите на хорор филмот „It“ наскоро ќе можат да уживаат во второто продолжение, а „Warner Bros“ го објавни финалниот трејлер за филмот кој пристигнува и судејќи по виденото тој ја замрзнува крвта во вените.

Веќе долго време се шпекулираше дека „It 2“ би можел да биде многу пострашен од првиот дел.

Накратко, во новото продолжение Пенивајз е буден и гладен за нови деца, но и одмазда. Откако падна назад во жлебот од каде што и дојде, омразениот лик се враќа во тероризираниот град Дери по цели 27 години.


Обожавателите кои возбудено го очекуваат „It 2“ на социјалните мрежи ги откриле некои од информациите за последното издание на оваа филмска најава.

„Смета ли уште некој дека ова продолжение ќе биде многу пострашно од првото“ - напишал некој лик на коментарите под видеото на Јутјуб, а друг додал: „Сам го гледам ова во два часот наутро, на сопствена препорака... Нема да можам да спијам!“.

Дека навистина би можел да биде пострашен од првиот дел докажала и една од актерките.

Филмот „It“ во првиот викенд на прикажувањето заработил повеќе од 180 милиони долари. Титулата пред тоа припаѓала на хорор филмот „Paranormal Activity 3“ кој заработил дури 52.6 милиони долари.

Овој филм е направен според книгата на Стивен Кинг која во едниот дел е инспирирана од вистински сериски убиец Џон Вејн Гејси. Мажот кој се крие позади тоа име работел како кловн и често знаел да подготвува забави за деца. Го нарекувале “кловнот убиец“, а пред да заврши во затвор тој често одел на парадите и исто така ги посетувал болните деца во болница. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг