Министерот Исмаили разговараше со рускиот амбасадор за културната соработка меѓу двете земји

Макфакс

18/07/2019

22:18

1.126

Големина на фонт

а а а

Министерот за култура, Хусни Исмаили, во својот кабинет оствари средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

Како што информираат од кабинетот на министерот Исмаили, тој и амбасадорот Баздникин ја подвлекле досегашната одлична соработка во делот на културата меѓу двете земји, која досега резултирала со реализација на повеќе квалитетни содржини.

„Беше истакната и традиционалната соработка во сферата на литературата и издавачката дејност, како и соработката во театарската дејност. Во тој контекст, министерот Исмаили информираше дека до крајот на годинава е предвидена и реализација на манифестацијата ‘Денови на македонската култура во Руската Федерација’, додека, пак, Олга Панкина во Москва ќе го реализира проектот ‘Читај ја Македонија’“, се наведува во соопштението за средбата.

Освен на билатерален план, Северна Македонија и Русија имаа соработка и на мултилатерален план – во рамките на УНЕСКО, како и во рамките на Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, преку која се реализираат заеднички проекти и активности со кои се зачувуваат културните традиции на словенските народи и нивното промовирање како трајни и универзални вредности во глобални рамки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг