Костадинов: Мицкоски да каже дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“

Макфакс

18/07/2019

22:17

1.555

Големина на фонт

а а а

СДСМ работи во интерес на воспоставување на правната држава и она што значи наша граѓанска обврска пред законите и Уставот, а најмногу пред граѓаните, рече пратеникот од владејачката партија, Костадин Костадинов.

Тој посочи дека прв кој го пријавил случајот „Рекет“ бил токму премиерот Зоран Заев, што, според него, покажува дека правната дежава функционира.

„Од страна на СДСМ беа поставени две прашања во однос на овој случај и сметаме дека може драстично да ја променат ситуацијата – дали Мицкоски имал средба со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор и дали посегнал по парите на еден од осомничените“, запраша Костадинов.

Во име на неговата партија рече дека очекуваат институциите детално да го разгледаат случајот, во интерес на правната држава и интересот на сите граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг