Британците побрзале со демант: „Танкерот кој го заплени Иран не е наш“

Точка

18/07/2019

21:45

1.618

Големина на фонт

а а а

Велика Британија соопштила дека танкерот што денеска го запленила иранската војска не половел под британско знаме.

„Колку што знаеме, нема британски интереси на тој брод“, изјавил портпаролот на британската влада, а пренесува Ројтерс. Иранската револуционерна гарда во Персискиот Залив запленила странски танкер со 12 членови на екипажот поради наводно шверцување на нафта. 


Иранската државна телевизија објавила дека танкерот бил пресретнат јужно од иранскиот остров Ларак, Пренесува AP. Како што тврди иранската телевизија, танкерот шверцувал нафта која иранските шверцери ја продавале на странски клиенти. 

Во извештајот не е наведено на која земја ѝ припаѓа танкерот, ниту чии државјани се членовите на екипажот. Веста за запленување на танкерот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и западните сили. Иран се заканил дека ќе ги задржува британските бродови, како знак на одмазда поради тоа што припадниците на Кралската морнарица заплениле ирански танкер во Гибралтар под сомнеж дека пренесуваат нафра во Сирија, кршејќи ги санкциите на Европската унија.  




Спонзорирани линкови

Маркетинг