Заљубени како првиот ден: Не ги тргаат рацете еден од друг ни по 10 години брак

Точка

18/07/2019

18:54

7.996

Големина на фонт

а а а

Поранешната девојка на Леонардо ди Каприо, Жизел Бундшен, ја пронашла вистинската љубов во 41-годишниот играч на “New England Patriots”, Том Брејди, со кој оваа година ја прославила 10-годишнината од брак.

Поранешниот бразилски топ модел моментално летува на Костарика, каде ужива со своето семејство, а двајцата не можат да ги скријат заљубените погледи ни по толку години. 



38-годишниот ангел на “Victoria’s Secret” има две деца со Брејди: ќерката Вивијан Лејк и синот Бенџамин. Тие ја започнале својата врска во 2006 година, кога ги споил нивен заеднички пријател и тоа на состанок “на слепо”.

Том и Жизел се венчаа во 2009 година во Калифорнија, а само два месеци подоцна имале и прослава на Костарика, што е една од многуте причини зошто често се враќаат на ова место. Играчот на поло, Рико Мансур, сурферот Кели Слејтер и актерот Џош Хартнет се само некои од мажите со кои Бундшен била во врска пред да се заљуби во Том Брејди.

Таа во 2012 година се најде на листата на Форбс на најплатени топ модели и тоа на првото место, а беше дел и од филмовите “Taxi” и “The Devil Wears Prada”. Жизел сè уште важи за модна икона, а пејачката Бијонсе во едно интервју признала дека го обожува нејзиниот стил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг