„Јас и мојата сопруга сме заљубени во иста девојка, а сега сите тројца сме верени“

Точка

18/07/2019

18:32

2.448

Големина на фонт

а а а

Роси Хајли, нејзиниот сопруг Ту и Кенешиа Пети од Австралија се во љубовна врска, пренесува „The Sun“.

Сè започнало во 2018-та година, кога Роси на Ту му открила дека е бисексуалка, истакнувајќи дека сака да биде интимна со други жени иако е во брак со него. Но, изгледа дека тој немал никаков проблем со тоа, бидејќи и самиот се заљубил во истата жена како и неговата сопруга, а станува збор 23-годишната Канешиа Пети, која парот ја запознал на Тиндер.

„Јас и мојата сопруга се заљубивме во иста девојка“, открил Ту и додал дека почнале да го поминуваат времето заедно, а потоа станале толку нераздвојни што одлучиле да живеат заедно.

Освен тоа, Роси дури ја запросила Кенешиа додека нејзиниот сопруг не бил тука, а тој запросувањето од Блскиот исток го следел преку Скајп. Кога се вратил дома и тој ја запросил Кенешиа, а тројцата се венчале следната година. Иако го откриле својот план, не објасниле како мислат да го реализираат тоа и дали воопшто е возможно.

„Кога клекна и ме замоли да му бидам сопруга, ми застана срцето. Му реков дека ќе се венчам со него секој ден, ако го побара тоа од мене“, се присетила таа, додавајќи дека Роси не била љубоморна, туку среќна што ќе има уште некој покрај себе.

„Бев неверојатно нервозна пред да ја прашам дали ќе се венча со мене. Тоа го планирав со месеци и одлучив да го почекам нејзиниот роденден“, признала Роси и рекла дека тоа никако не му се допаѓа на нејзиното семејство и дека не сака да ја прифати идната сопруга.

И покрај негативните коментари, Кенешиаа е среќна во таков однос. „Полиаморијата е етичка, автентична љубов, која секој од нас ја поттикнува и поддржува. Да бидеш во ваква љубовна врска значи повеќе од љубов, повеќе разбирање, повеќе охрабрување. Да се живее заедно на овој начин не е тешко, ниту лесно. Потребни беа многу прилагодувања, компромиси и сфаќања како да ги ставам сите мои работи во ормарот наменет за двајца“, заклучила таа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг