Руската убавица по сексот во базен, поради кој кралот на Малезија бара развод од неа, објавила ново видео

Точка

18/07/2019

17:54

15.962

Големина на фонт

а а а

Светските медиуми ја пренесоа веста дека поранешниот крал на Малезија и руската убавица се разведуваат и тоа поради снимка на која таа има жежок секс во базен со многу помлад маж.

Иако засега нема официјална потврда, младата Русинка неколку часа подоцна на Инстаграм објавила снимка на која таа и султанот уживаат во љубовта и зборуваат колку е силна нивната врска. 

На снимката, 27-годишната Оксана Воеводина ја искажува љубовта која ја чувствува кон својот сопруг, султанот Мухамед Петти од Келантан.

“Ќе се грижам за него, сакам да бидам последната личност во неговиот живот и сакам да живеам со него до крајот на својот живот”, изјавила поранешната мисица. По неа, зборувал и султанот Мухамед за најважните делови од нивниот однос, а тоа се “децата, трпението и разбирањето”.

“Децата се најважни бидејќи тие го носат вашето наследство”, изјавил поранешниот крал.


На тема љубов, тој вели дека “љубовта е добра, но по 15, 20 години трпението и разбирањето ја надминуваат љубовта”.

Не е јасно каде ниту кога е снимено видеото, како ни за каква публика е наменето. Партнерите на него зборуваат на англиски јазик иако тој не е нивниот мајчин јазик. Многу медиуми пишуваат дека видеото е исечок од подолго видео, но Оксана го објавила само овој дел.

За потсетување, парот се венчал на 7-ми јуни минатата година на муслиманска церемонија, која била тајна. Нивната врска излегла на виделина кога одржале втора раскошна свадба во московска концертна сала.

Во продолжение, погледнете го спорното видео од руската мисица и непознатиот маж:



Спонзорирани линкови

Маркетинг