Роботи кои човечкото тело го „поправаат“ одвнатре

Точка

18/07/2019

17:35

2.005

Големина на фонт

а а а

Има голем број на предизвици во создавањето на минијатурните роботи кои би можеле да функционираат во внатрешноста на човечкото тело, а еден од најголемите е напојувањето, со оглед на тоа што малите димензии не дозволуваат имплементација на батерија.

Експерти од “Georgia Tech” имаат решение за овој проблем – “bristle-bots” малите роботи ја добиваат енергијата од вибрациите кои доаѓаат од најразлични извори, од ултразвучни бранови до звучници кои се наоѓаат во близина.

Еден ваков минијатурен робот тежи едвај пет милиграми и може да се движи со брзина од осум милиметри во секунда. Движењето е возможно благодарение на компоненти кои се имплементираат на 3Д принтаното тело на роботот и го движат во зависност од изворот на вибрациите.

Сепак, се напоменува дека роботите не се корисни во обликот во кој моментално се наоѓаат, со оглед на тоа што засега можат да се движат само во една насока.

Но, креаторите се надеваат дека технологијата ќе напредува во правец на кој во иднина роботите ќе можат лесно да функционираат во внатрешноста на човечкото тело и здравствените проблеми да ги решаваат однатре и така целосно да ја променат медицината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг