Епидемијата на ебола во Конго ја донел свештеник кој користел неколку лажни имиња

Точка

18/07/2019

19:09

2.278

Големина на фонт

а а а

СЗО објавила дека тој маж загинал и дека здравствените работници настојуваат што побрзо да ги пронајдат луѓето со кои бил во контакт.

Смртоносната епидемија на ебола во Конго е прогласена за меѓународна здравствена криза, објавила Светската здравствена организација откако вирусот се проширил оваа недела на град со два милиони луѓе, а според тврдењата на конгоанските службеници еболата во градот ја донел свештеник кој користел неколку лажни имиња. 

"Пасторот кој ја донел еболата во Гома користел неколку лажни имиња за да го сокрие идентитетот додека патувал кон градот, навеле неименувани службеници од Конго", пренесува "AP".

Се наведува дека СЗО, која епидемијата ја прогласила вчера, ден пред тоа објавила дека тој маж загинал и дека здравствените работници настојуваат што побрзо да ги најдат луѓето со кои бил во контакт, вклучувајќи ги и оние со кои бил во автобус.

Министерот за здравство на Конго, Оли Илунга, се спротивставил на карактеризацијата на епидемијата како итна здравствена ситуација.

"Ја прифаќаме одлуката на стручниот комитет, но се надеваме дека таа одлука не е донесена под притисок на одредени групи кои сакаат на овој начин да соберат средства за одредени хуманитарни актери", рекол Илунга.

Ова е петта објава на меѓународна здравствена криза во светската историја. Претходните биле прогласени за епидемијата не ебола во западна Африка која траела од 2014-та до 2016-та година и донела повеќе од 11.000 животи, како и за зика вирусот во Америка, пандемијата на свински грип и детска парализа.

Претставничката на СЗО за Конго, Лора Милер, изразила надеж дека по најновата објава на СЗО ќе уследат итни акции, проследени со дополнителни средства од меѓународните донатори.




Спонзорирани линкови

Маркетинг