"Ме сака од првиот ден": Ќерката на Синиша Михајловиќ објавила трогателно видео

Точка

18/07/2019

16:16

4.216

Големина на фонт

а а а

Славниот српски фудбалер, а сега тренер, Синиша Михајловиќ, минатата сабота открил дека боледува од леукемија.

Од тој момент до српскиот фудбалски тренер пристигнуваат пораки за поддршка од сите можни страни. 

Сепак, најголема сила поранешниот фудбалер на Лацио и Интер црпи од семејството.

Неговата најстара ќерка Викторија, на социјалните мрежи објавила емотивно видео од детството со трогателни зборови од кои ќе ви насолзат очите.

- Имам шармантен принц.

- Навистина? Како изгледа?

- Тој е најубав човек на светот!

- Дали те сака?

- Да, ме сака од првиот ден кога се родив.

- Не ти верувам.

- Вистина е, тој ме сака и јас го сакам него.

- Навистина? Како се вика?

- Има име, но јас го нарекувам - тато!




Спонзорирани линкови

Маркетинг