Настапува модна револуција во знакот на екологијата: Патиките од талог од кафе се “закануваат” да станат нов тренд

Точка

18/07/2019

16:06

2.344

Големина на фонт

а а а

Во светот секој ден се консумираат околу две милијарди шолји кафе, а талогот од кафето често завршува во кантите, мијалниците или депониите. Токму затоа двајца претприемачи од Хелсинки добиле идеја како да го искористат талогот на најдобар начин и со тоа креирале патики од талог од кафе.

Како што наведуваат претприемачите, со оглед на тоа што се загрижени поради влијанието на индустријата врз околината, а не можеле да најдат патики кои воедно се и удобни, модерни и во склад со природата – направиле свои од талог од кафе. 

Нивната компанија комбинира ткаенини направени од талог, рециклиран пластичен отпад и вистински материјали, доволно лесни и отпорни да можат да се носат како обувки.

Еден пар патики тежи 460 грама, од кои 300 грама ги сочинува токму кафето. Во секој пар патики, како што се наведува, има пластика која е еквивалентна на шест употребени пластични шишиња.

Едно од природните својства на талогот од кафе е што успешно ги елиминира непријатните мириси, па тоа воедно е добра вест за секој кој има проблем со непријатниот мирис на стапалата.


Овие патики не се единствениот случај на користење на отпадоци од храна во производство на облека и обувки, а зголемениот интерес за одржливоста во модата довел до користење на различни состојки од остатоците од човековата исхрана.

На купувачите им е овозможена приликата да “носат” на себе и овошје и алги, но не како принт на модните парчиња, туку како составни елементи од облеката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг