Го нападнале коментаторот на Вимблдон бидејќи зборувал за скапиот прстен на Мирка Федерер

Супермен

18/07/2019

15:11

3.944

Големина на фонт

а а а

Коментаторот на Вимблдон, Андреу Кејстл, се нашол на удар на критики бидејќи го кометирал прстенот на Мирка Федерер за време на финалето помеѓу нејзиниот сопруг Роџер и Новак Ѓоковиќ.

Мирка Федерер, сопругата на швајцарскиот ас од 2009-та година, видена е на трибините на финалето. За време на нaпнатиот меч, кој е прогласен за едно од најдобрите финалиња во историјата на Вимблдон, коментаторот, некогашниот тенисер, сугерирал дека прстенот на Мирка изгледа скапо.


„Не изгледа како бижутерија, нели?“, рекол тој, но бројни корисници на Твитер брзо изразиле неприфаќање. „Платен си за да го коментираш тенисот, не накитот на Мирка“, му порачал еден фан на тенис.

„Андреу Кејстл зборува за заработени пари и сега за Мирка која не носи бежутерија. Делува многу огорчено“, е уште еден од коментарите, а и многу други се согласиле дека не биле потребни коментари за вредноста на накитот на Мирка.


Откако ова одекна во медиумите, се дозна и колку би можел да вреди прстенот, благодарение на швајцарскиот златар Лазар Кебар, кој изјавил дека Мирка Федерер ја познава и лично.

„Претпоставувам дека станува збор за дијамант од 7 карати, ако не и повеќе. Карактеристично за тие дијаманти е дека мора да останат екстремно чисти“, рекол тој и додал дека станува збор за редок и скап камен.

„Цената на тоа парче накит во просек е околу половина милион швајцарски франки“, објаснува Кебар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk