Овие три компании ве следат што правите на порно сајтовите дури и кога се уклучувате од “инкогнито“

Точка

18/07/2019

15:19

3.161

Големина на фонт

а а а

Денес речиси не постои место на интернет на кое можеме да имаме целосна приватност.

Фејсбук, Гугл и Oracle следат кои порно филмови ги гледате, открива новото истражување кое го спроведе „New York Times“.

Истражувачите од „Microsoft“ и Универзитетот во Пенсилванија, анализирале 22.484 сајтови со порногравска содржина со помош на алатката која се вика „webXray“ за да ги идентификуваат алатките за гледење кои праќаат податоци на трети страници.


„Нашите резултати покажуваат дека следењето е целосно вообичаено на порногравските сајтови - 93 отсто од страниците праќаат податоци на трети лица“ - стои во истражувањето.

Од сајтовите кои ги скенирале во март 2018-та година, откриено е дека Гугл има алати за следење на 74 отсто од нив, Оracle на 24 отсто, а Фејсбук на 10 отсто.

А најлошото од сè е тоа што ни користењето на инкогнито браузерот не е никаква одбрана, особено ако го земеме предвид податокот дека само 17 отсто од сајтовите имаат енкрипција.


Овие алати за следење можат да бидат поставени од разни причини на Гугл. „Analytics“ праќа податоци, за сајтовите да можат да го следат својот сообраќај. Фејсбук им нуди можност на сајтовите да ги ембедуваат неговите лајк функции, а за возврат добиваат податоци за посетителите.

Што точно се случува со податоците кои се собираат тешко е да се направи проценка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг