Ирина Шајк има ново момче? Ја фатиле во прегратка со директорот на "Vogue"

Точка

18/07/2019

14:51

4.760

Големина на фонт

а а а

Ирина во неодамнешното интервју за "Harper’s Bazaar" прв пат проговорила за чувствата и разделбата со Бредли. И покрај тоа, како што вели, лошо искуство, таа и натаму верува во можноста дека еден ден ќе се омажи...

33-годишната манекенка Ирина Шајк, еден месец откако ја прекинала 4-годишната врска со американскиот актер Бредли Купер, била фотографирана во друштво на маж со кој страсно се прегрнувала во Њујорк. 

Почнало да се шушка дека се работи за ново момче во нејзиниот живот, за што странските медиуми на големо пишувале. Сепак, руската убавица тврди дека била со пријателот Алек Максвел, креативен директор на британски "Vogue". Алек не се изјаснил за природата на нивната врска.

Ирина во неодамнешното интервју за "Harper’s Bazaar" прв пат проговорила за чувствата и разделбата со Бредли. И покрај тоа, како што вели, лошо искуство, таа и натаму верува во можноста дека еден ден ќе се омажи и ништо нема да ја оддалечи од таа желба.

"Ако ме прашате дали уште верувам во брак, мојот одговор е дека верувам. Не сум човек кој е против таа институција", објаснила Шајк. Манекенката со актерот ја има ќерката Леа Де Сиена.

Се појавиле и бројни натписи за романтичната врска на Купер со пејачката Лејди Гага и за проблемите кои довеле до разделбата на Купер и Ирина, а медиумите уште поуверено пишувале дека зад целата ситуација стои тајната врска меѓу Бредли и Гага.

И покрај тоа што Лејди Гага неколку пати објаснила дека хемијата која сите ја виделе на филмот "Ѕвездата е родена" е вистинска, како и нивната љубов, но само затоа што тие сакале да го постигнат тоа поради филмот, а не на начинот кој медиумите го прикажуваат, многумина сепак не веруваат во тоа.

Многу фанови тврдат дека Ирина како мајка требала да се повлече од медиумите и да снима помалку разголени кампањи. Затоа зборувала и за осудата од јавноста.

"Кажете ми само една причина зошто една мајка не би смеела да носи мини здолништа. Зошто жената мора да престане да биде своја откако ќе стане мајка? Јас во таквата филозофија не верувам. Ако навистина се сакате себе, мислам дека можете да постигнете се што сакате", рекла таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг