Паметните телефони следната година добиваат камера од 108 мегапиксели и 10Х оптички зум?

Точка

18/07/2019

16:35

1.745

Големина на фонт

а а а

Познатиот инсајдер IceUniverse често објавува информации од светот на паметните телефони кои се покажуваат како точни, а овој пат најавува вистинска револуција кога станува збор за камерите на овие уреди.

Телефонот на фотографијата на неговиот Твит наликува на Samsung Galaxy Note 10, чие што претставување е закажано за почетокот на август, иако IceUniverse не открива за кој производител и која линија на паметни телефони станува збор.

Инаку, банкарската групација Credit Suisse во март објави извештај дека веќе во втората половина од 2019-та година ќе се појават сензори од 64 мегапиксели, а сензори од 108 мегапиксели ќе видиме веќе во текот на идната година.

Сензорите од 64 веќе стануваат реалност, па производителите се подготвуваат да започнат со нивно вградување кај новите уреди.

Компанијата Qualcomm има слични предвидувања кога станува збор за камерите на паметните телефони. Од таму велат дека наскоро ќе добиеме сензори од 64 до 100 мегапиксели.

Инаку, ниту еден производител досега нема објавено дека развива сензор за камера на паметен телефон од над 100 мегапиксели, како ниту за можноста наскоро да добиеме 10Х оптички зум на нашите телефони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг