Оваа земја стана најголемиот таен кредитор во светот: Им должат повеќе од Светската банка и ММФ

Точка

18/07/2019

17:43

3.595

Големина на фонт

а а а

Кинеските државни банки издале околу четвртина од вкупните кредити на пазари во развој, па сега Кина стана водечки глобален кредитор, оставајќи ги зад себе Светската банка и ММФ.

Во неодамнешната студија, тим на истражувачи откри дека Кина станала најголемиот таен кредитор на светот. Експертите спровеле сеопфатна студија за кредитирањето на азискиот гигант.

Извештајот наречен „Кинеското кредитирање во странство“ чии што автори се Себастијан Хорн (Универзитет Минхен), Кармен Ројнхарт (Универзитет Харвард) и Кристоф Требек, кои истражувале бројни јавни и „не така јавни“ извори за собирање на податоци кои покриваат над шест децении, опфатиле илјадници кредити и грантови издадени на 152 земји.


Членот на тимот Требек изјави дека Кина отсекогаш била активен меѓународен кредитор, позајмувајќи им големи износи на државите.

„Зголемувањето на вкупниот одлив на кредити во изминатите две децении беше готово без преседан, споредливо само со брановите на американското позајмување после Првата и Втората светска војна“.


Во периодот од 2007-ма до 2017-та година обврските на странските должници кон Кина се зголемиле од нешто помалку од 500 милијарди долари на повеќе од пет билиони долари, или од околу 1% од глобалното економско производство на повеќе од 6%.

Покрај тоа, кинеската влада одобрила и бројни директни кредити, посебно на земјите во развој, а севкупно Кина ја надминала Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг