Инстаграм во некои земји го крие бројот на лајкови за да ги ослободи корисниците од притисок

Супермен

18/07/2019

14:01

1.844

Големина на фонт

а а а

Социјалната мрежа Инстаграм во некои земји одлучила да го скрие бројот на лајкови на објавите за да ги ослободи корисниците од притисок.

Помеѓу земјите во кои Инстаграм на овој начин ги штити корисниците се Австралија и Јапонија, а станува збор за пробен период во кој корисниците под објавите на лицата кои ги следат, го гледаат своето испишано име и зборот “други” наместо бројот на лајкови, додека и понатаму ќе имаат можност да ги видат лајковите на сопствените објави. 


Постои загриженост дека социјалните мрежи можат да ја загрозат самопочитта на корисниците и да предизвикаат негативни чувства кај младите луѓе.

Инстаграм објави сличен експеримент во Канада во мај, а сега тестовите се прошируваат и кон Австралија, Нов Зеланд, Ирска, Италија, Јапонија и Бразил.


“Се надеваме дека овој потег ќе ги ослободи корисниците од притисокот кој го чувствуваат поради бројот на лајкови на објавите, така што можат да се фокусираат на споделување на работите кои ги сакаат”, соопштено е од Фејсбук во чија сопственост е Инстаграм.

Овие мерки не ги опфаќаат деловните профили.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk