Јувентус ги објави сите детали од трансферот на Де Лихт, познато колку пари одат во џебот на Раиола

Дерби

18/07/2019

12:49

1.301

Големина на фонт

а а а

Јувентус никогаш не остава ништо на случајноста и во последно време се навикна да ги открива сите детали од трансфер зделките кои ги извршува, па таква е ситуацијата и со долго најавуваниот трансфер на Матијс Де Лихт кој ова утро конечно беше и официјално потврден како нов играч на италијанскиот шампион.

Клубот од Торино преку соопштението извести дека досегашниот капитен на Ајакс ставил потпис на договорот до 2024-та година, а истовремено откри колку точно изнесува трансфер зделката која ќе се реализира во наредните пет години.

– Јувентус соопштува дека е постигнат договор со амстердамскиот клуб Ајакс за дефинитивна аквизиција и регистрација на правата на играчот Матијс Де Лихт, договор кој е постигнат за сума од 75 милиони евра, а која ќе биде распределена и платена во пет години. Во трансферот се вклучени и дополнителни бонуси од 10,5 милиони евра. Јувентус и фудбалерот склучија петгодишен договор според кој тој ќе има врска со клубот до 2024-та година, – се вели во објавата на Јуве.

Претпоставките на италијанските медиуми се дека висината на трансферот изнесува 75 милиони евра, додека дополнителните бонуси од 10,5 милиони евра се наменети како обесштетување за тешкиот преговарач, Мино Раиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг