Надвор од физиката: Паранормалниот корнер на Чапекоенсе ја фрли во бунило цела Јужна Америка

Дерби

18/07/2019

12:47

2.802

Големина на фонт

а а а

Чапекоенсе загуби од Атлетико Минеиро на натпреварот кој се одигра во понеделникот вечерта со 1:2, но епилогот од овој меч од бразилската прва фудбалска лига остана во втор план поради една нестварна мешаница во шеснаесетникот на гостите.

Имено, главниот фокус не треба да се стави на карамболот кој се случи во шеснаесетникот, туку на неприродниот лет на топката по еден испратен центаршут од аголот. Корнерот на Чапекоенсе се претвори во паранормална ситуација поради ненормалниот лет на топката која изгледа како да е теледиригирана со далечински управувач, а летот кој и пркоси на физиката експресно предизвика огромна дебата во јавноста и ја фрли во бунило цела Јужна Америка…



Спонзорирани линкови

Маркетинг