Конечно го пронајдоа Федерер по поразот од Новак: Еве каде побегнал да ги лечи своите “фрустрации“

Супермен

18/07/2019

12:40

4.872

Големина на фонт

а а а

Швајцарецот ја избра својата татковина за да го пронајде мирот. Роџер Федерер се вратил во својата татковина со семејството по поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето.

По конференцијата за новинарите во Лондон, на Федерер му се изгуби секоја трага, а очигледно тој само сакал да се одмори и да се исклучи од сè.

Со своето семејство го пронашол идеалното место да се осмори и да ги излечи “фрустрациите“ и раните кои ги доби по поразот од Ноле.

Станува збор за швајцарските Алпи во местото Хоер Каштен, откаде што има неверојатен поглед. Федерер заминал на ова место како турист, без никаква резервација, пишуваат од швајцарските медиуми.

Ручал со својата сопруга Мирка и децата во планинскиот ресторан каде што го забележале и останатите гости. Таму некои од туристите кои се нашле на истото место се фотографирале со него и малку поразговарале.

Тие во изјава за швајцарските медиуми кажале дека Федерер е симпатичен и љубевен и дека не изгледал како некој кој е нервозен поради поразот во финалето.

„Да не знаев, никогаш не би помислила дека тој загуби во неделата“ изјавила Наџа која се фотографирала со него и ја објавила фотографијата на својот Инстаграм профил.

Федерер по ручекот тргнал по патот на долината пешки, а очигледно престојувањето на планината и другите прошетки на Алпите исклучително му годат да закрепне по неговиот најголем пораз во кариерата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk