Сателитските снимки откриле свети шуми: Стари се околу 1.000 години, а во средината на секоја има православна црква

Точка

18/07/2019

12:28

6.172

Големина на фонт

а а а

Група истражувачи отишла во Етиопија да ги истражи шумите на таа земја.

Во близина на градот Дебре Табора ги дочекале деца кои веќе секоја педа од земјата ја знаат напамет. Седеле во мала шума која окружува црква во близина. 

Таа шума, на северот на земјата, е позната како света шума, а такви има околу 1.000 во тоа подрачје.

Секоја од нив штити традиционална етиопска православна црква која се наоѓа во центарот, а патот до неа најдобро го знаат децата. Овие мали уредни групи од дрвја, секои оддалечени на два километри од другите, за мештаните се гаранција дека никогаш нема да бидат премногу оддалечени од шумите, кои имаат длабоки корени во нивниот социјален и духовен живот. Ги користат како центри на заедницата, места за средби, училишта, места за верски обреди, гробишта, па дури и како бањи, и се извор на ладовина каква нема со километри.

Во подрачјето Бахир Дара, за разлика од некои други места кои се достапни и како дел од туристичката понуда, црковните шуми не е лесно да се пронајдат. Зелените оази се истакнуваат во пејзажот бидејќи тоа се единствени стебла во земјата во која владее сечење на шумите.

Некои од нив се постари од 1.000 години, а стеблата се сочувани благодарение на верското управување. Меѓутоа, ги загрозуваат патиштата, зградите и полињата на земјоделците. Луѓето биле нивните најголеми заштитници, но исто така и нивна најголема закана.

Еден свештеник го однел научниците од Њујорк длабоко во шумата за да научат нешто повеќе за односот на луѓето кон природата. Шумата има просечна големина од пет фудбалски игралишта, и се состои од круг од дрвја формиран околу центарот во кој има црква, на чиј врв се крие крст во националните бои - црвена, жолта и зелена. Тој дел е окружен со камен ѕид, а оддалеченоста од црквата до него традиционално се опишува како "40 ангелски раце далеку".


Шумите се свети затоа што во центарот на црквата има табот, репилка на Заветниот ковеч. Светоста на таботот сјае од центарот кон надворешноста. Истото важи за стеблата кои се доживуваат како "облека" за црквата и се дел од неа. Денес само пет проценти од Етиопија е прекриена со шума, а пред 100 години 45 проценти од оваа држава биле пошумени.

Масовното сечење оставило траг и на светите шуми. Овие шуми не е секогаш лесно да се најдат, а на научниците во потрага по нив им помагаат историски фотографии, на кои е видливо и колку овој пејзаж се менувал.

Географот Питер Скал објаснил дека кон крајот на 30-тите години од минатиот век италијанската војска направила низа фотографии и снимки од тоа подрачје.

Во текот на 60-тите години тука минал и првиот американски сателитски шпионски уред, дел од програмот Корона, чија намена била да идентификува потенцијални локации на СССР за лансирање на ракети.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ја тргнал ознаката за тајност од тие фотографии во 1995-та година, а споредбата на старите фотографии со новите и модерни на "Google Earth" покажала дека границите на шумите не се намалиле, а некои всушност и пораснале, благодарение на садењето на еукалиптус.

Снимките ги покажуваат позициите на шумите, но не и видовите на дрвјата. Научниците го прегледале ова подрачје, земале примероци од земјата и листови од посебни видови кои се користеле за изградба на црквите.

Тие шуми се живи, но не се баш во добра состојба, во некои нема нови генерации дрвја, а прашање е и кој ќе продолжи да се грижи за нив.

Во тие шуми луѓето живеат како што живееле некогаш одамна, како пастири кои патуваат во потрага по добро. Во тие шуми има историја, култура и духовност на тие луѓе, кои можеби на најдобар начин ги спасиле шумите од исчезнување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг