Се развеле поранешниот малезиски крал и руската убавица поради нејзиниот жесток секс во базен

Точка

18/07/2019

22:05

23.042

Големина на фонт

а а а

Поранешниот крал на Малезија се развел од својата сопруга, руска мисица, само неколку недели по раѓањето на синот, пренеле денес светските медиуми.

Оваа вест се појавила и покрај тоа што поранешната Мис Москва, Риана Оксана Воеводина неодамна на социјалните мрежи зборувала за својот бајковит брак и живот. 

Изненадувачката свадба меѓу султанот Мухамед Петти од Келентан и руската убавица во руската престолнина минатиот ноември ги шокирала Малезијците.

Меѓутоа, сега потврдата на разводот укажува на тоа дека поранешниот крал, кој ја напуштил монархијата по откритието за сексот на неговата сопруга во базен на телевизиска емисија, ја прекинал врската.

Разводот бил регистриран како конечен на 1-ви јули оваа година, објавиле медиумите во Куала Лумпур. Сертификатот, кој го носи келантанскиот државен грб, укажува на тоа дека разводот е направен со изговарање на зборот "талак" три пати - најтежок и неповратен облик на развод во исламот.

Сертификатот е копија која се дава на жената, тврдат медиумите, и гласи на нејзиното моминско презиме, Горбатенко.

Како датум на разводот се наведува 22-ри јуни и пишува дека е направен во Сингапур. Да потсетиме, нивниот син е роден само еден месец претходно, на 21-ви мај.

Парот се венчал на 7-ми јуни минатата година на муслиманска церемонија, која била тајна. Нивната врска излегла на виделина кога одржале втора раскошна свадба во московска концертна сала.

Засега Оксана не се огласила за ова на социјалните мрежи.

Во јануари имало шпекулации дека нивниот брак влегол во криза, но тоа го негирал нејзиниот татко, Андреј Горбатенко.

"Тоа се глупости, не читам вести, но веројатно би знаел такво нешто", рекол тој тогаш.

Ни од палатата засега не се огласил никој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг