Одбил да сведочи, па Обвинителството се откажало од кривично гонење на славниот актер

Точка

18/07/2019

10:12

2.366

Големина на фонт

а а а

Американските обвинители објавиле дека се откажале од кривично гонење на актерот Кевин Спејси за наводен сексуален напад на 18-годишно лице во бар во Нантакет пред повеќе од 3 години.

Канцеларијата на обвинителот од окружниот суд во Нантакет во Масачусетс објавила дека се откажува од кривично гонење поради "недостапност на оштетениот во својство на сведок", пишува "The Hollywood Reporter". 

59-годишниот Спејси бил обвинет за наводен сексуален напад на работник во ресторан во 2016-та година.

На сослушувањето пред една недела, оштетениот одбил да сведочи за тоа дали ги избришал своите СМС пораки кои му ги праќал на Спејси.

Минатата година, еден месец по отворањето на кривичната постапка, мајката на наводната жртва на прес-конференција го обвинила Спејси дека сексуално го вознемирувал нејзиниот син откако му купил алкохол. Во САД не е легална консумацијата на алкохол за помлади од 21 година.

Оскаровецот Спејси во меѓувреме се нашол на мета на неколку обвиненија за сексуално вознемирување. "Netflix", каде се прикажува телевизиската серија "House of Cards" во која Спејси ја имал главната улога, исто така ги прекинал сите врски со актерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг