Опасни Албанци од Македонија го чекаат Ел Чапо во затвор: Ова се браќата од Дебар уапсени за напад на воена база во САД!

Точка

18/07/2019

15:40

16.796

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 100 полицајци и агенти на ФБИ беа вклучени во една од најпознатите антитерористички операции после терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва година – апсењето на тројцата браќа Дука.

Денес двајца од нив, Дритан и Ељвир служат доживотна затворска казна во “ADX Supermax” затворот во Колорадо, за кој американските медиуми велат дека е „затвор од пеколот“. Овие денови, на браќата Албанци од Македонија ќе им се придружи и озлогласениот нарко бос Ел Чапо, кој исто така ќе отслужува доживотна затворска казна.

Малкумина можеле да замислат дека трите деца од албанско семејство кое во 80-тите живеело во нашата земја, ќе станат едни од најозлогласените терористи во САД. Откако браќата Дука беа уапсени, а ФБИ упадна во куќата на нивната мајка, тогашниот државен обвинител на Њу Џерси, Крис Кристи се обрати пред стотина новинари.

„Филозофијата која поддржува и поттикнува џихад против американските државјани ширум светот, пристигна овде и живеела во Њу Џерси, заканувајќи им се на животите на нашите граѓани, а спроведувајќи ја пет лица“.

Освен тројцата браќа Дука, биле приведени и нивните двајца пријатели – Мухамед Шенвер и Сердар Татар кои според зборовите на Кристи, се обиделе да изведат терористички напад на воената база „Форт Дикс“.

Според името на воената база која што сакале да ја нападнат, и тоа што биле петмина радикални исламисти, во американските медиуми станале познати како „Петорката Форт Дикс“ (Fort Dix Five).

Семејството Дука во САД пристигнале од Дебар, а иако преку океанот требало да започнат нов живот, тогаш 28-годишниот Дритан, 26-годишниот Шаин и 23-годишниот Ељвир набрзо биле осудени за заговор против американските војници и осудени на доживотен затвор. Лата и сопругот Фирик Дука, одлучиле да ја напуштат Македонија во потрага по подобар живот и после една година помината во бегалски камп во Италија, преку Мексико, конечно стигнале во САД.

После неколку години живот во Бруклин, браќата се свртеле кон верата, на воодушевување на нивните родители. Но, со нападот на САД на Авганистан, многу работи се промениле, па браќата Дука станале радикални. Набрзо потоа направиле план за напад на воена база, по што биле разоткриени од американските тајни служби, уапсени, а потоа и осудени на доживотен затвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг