Дутерте сака војна: Ја повика морнарицата на САД да ги нападне Кинезите!

Точка

18/07/2019

13:31

2.109

Големина на фонт

а а а

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се повикува на Договорот за взаемна одбрана со Соединетите Американски Држави и бара од морнарицата на САД да ја нападне Кина.

Дутерте реагираше на притисокот на народот на Филипини кој бара неговата влада да ги исфрли кинеските бродови од островот Спартли кој се наоѓа во рамките на филипинската суверена територија во Јужното кинеско море.

Комунистичката партија на Кина тврди дека речиси целото подрачје на Јужното кинеско море ѝ припаѓа на Кина, иако меѓународниот трибунал во 2016-та година утврди дека таквите тврдења на Пекинг не се точни и изградбата на вештачките острови во територијалните води на Филипини и Виетнам се незаконски.


Кина сепак во меѓувреме ја игнорира таа одлука, а веќе подолго време кинески рибарски бродови навлегуваат во територијалните води на Филипините. Поради тоа, во текот на овој месец имаше повеќе протести во Манила после потопувањето на филипинскиот рибарски брод кој бил стациониран на територија која, освен за официјален Пекинг, според целиот свет е дел од територијалните води на Филипини.

Кинескиот брод најпрвин се забил во помалиот филипински брод и го потопил, притоа оставајќи го екипажот на бродот да се удави. За среќа екипажот бил спасен од виетнамски брод кој бил во близина.


Поради тоа, Дутерте сега се повикува на договорот кој неговата земја го има со САД, според кој војската на САД може да возврати доколку странска сила ги нападне Филипините.

„Сега ја повикувам Америка. Се повикувам на договорот со САД. Би сакал Америка да ја собере целата нивна 7-ма флота и да ја позиционира пред Кина. Сега ги повикувам, ќе им се придружиме. Ќе се возам на бродот чиј адмирал ќе биде САД“, порача Дутерте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг