Цел свет е во опасност! Од Африка нѝ се заканува смртоносна ебола: Вирусот месојадец се проширил во град од 2 милиони жители, досега 1600 настрадани!

Точка

17/07/2019

22:23

4.848

Големина на фонт

а а а

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека епидемијата на ебола во Конго е прогласена за глобална здравствена закана, бидејќи смртоносниот вирус неделава се проширил во град со два милиони жители.

Одборот од експерти на СЗО одби во три претходни наврати да го предложи прогласувањето на еболата за глобална здравствена закана, иако други експерти тврдат дека за тоа уште одамна имало услови, па реакцијата е задоцнета.


Неделава првиот случај на ебола бил потврден во Гомa, голема регионална крстосница на границата помеѓу Конго и Руанда со меѓународен аеродром. Експертите со месеци стравувале од ваков развој на настаните.

Прогласувањето на епидемијата за глобална здравствена закана ќе предизвика големо меѓународно внимание и помош.




Спонзорирани линкови

Маркетинг