Брнабиќ: Србија е подготвена да се врати на преговарачката маса со Приштина

Макфакс

17/07/2019

20:24

1.018

Големина на фонт

а а а

Србија е буквално подготвена веднаш да се врати на преговарачката маса и да го продолжи дијалогот со Приштина, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ.

Таа изрази надеж дека политичките лидери од Приштина ќе имаат доволно храброст и одговорност да ги променат своите одлуки за да може да дојде до дијалог. 

„Ние сме подготвени кој било ден да се вратиме на преговарачката маса и да продолжиме со дијалогот. Тоа е единствен начин за да постои стабилност на Косово и Метохија, а луѓето да продолжат да живеат мирно“, изјави Брнабиќ.

Премиерката наведе дека посетата на францускиот претседател Емануел Макрон била многу важна за позиционирањето на Србија.

„Мислам дека посетата помина подобро од очекуваното. Голема благодарност за сето она што Макрон го кажа додека престојуваше во Србија, за сите сигнали на поддршка и за можеби најсилната порака досега дека ништо не е завршено и дијалогот мора да продолжи“, заклучи Брнабиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг