Катастрофа во најава: Доколку сте љубители на кафе и чоколадо, овој текст не е за вас

Точка

17/07/2019

20:09

2.183

Големина на фонт

а а а

Поради климатските промени кои би можеле да предизвикаат проблем со растот на посевите и изумирање на животните и рибите, можеби ќе мора да се опростиме од омилената храна и пијалаци.

Како резултат на глобалното затоплување, се очекува земјиштето погодно за одгледување на кафе да се преполови до 2050 година. Исто така, се очекува и дивите видови на кафе потполно да изумрат до 2080 година, пишува “BBC”. Во Танзанија, еден од најголемите извозници на кафе, посевите веќе двојно се намалиле во изминатите 50 години. 


За оние кои мислат дека можат да ја избегнат кризата така што ќе започнат да консумираат чај, научниците во Индија имаат лоши вести: монсуните кои ги “негуваат” плантажите со чај стануваат сè поинтензивни и започнуваат да влијаат на вкусот на посевите. Затоа, доколку сте љубител на добриот чај, припремете се за помалку вкусни и разводнети чаеви во блиска иднина.

Чоколадата е дефинитивно неочекувана жртва на глобалното затоплување бидејќи зрната какао обожуваат високи температури и голема влажност, но она што особено го сакаат е стабилност. Какаото бара посебна нега токму како и кафето, а секоја промена во температурата, врнежите, квалитетот на земјиштето, сонцето и брзината на ветрот може да има драстично влијае врз жетвата.


Одгледувачите во Африка и Индонезија веќе започнале да се префрлаат на одгледување на постабилни посеви како што се палминото масло или каучукот. Тоа во пракса лошо ќе влијае врз економичната цена на чоколадото.

“BBC” пишува дека климатските промени влијаат и врз рибата и компирот. Една од причините за сè помалиот број на риби е сè пониското ниво на кислород во океаните кои се загреваат. Доказ за тоа е и глобалниот улов кој веќе опаднал за 5 отсто. Оние кои ловат риба во Северното море велат дека уловот им опаднал за една третина.

Компирите растат под земја, но и тие ќе претрпат големи промени поради честите суши. Само едно топло лето во 2018 година во Велика Британија го намалил родот на компирот за една четвртина, додека секој поединечен плод се намалил за три центриментри, пренесуваат британските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг