Солскјер најави кои двајца играчи може да го заменат Ерера

Дерби

17/07/2019

20:30

1.523

Големина на фонт

а а а

Заминувањето на Андер Ерера од Манчестер Јунајтед беше нешто на што воопшто не се надеваше менаџерот Оле Гунар Солскјер, од едноставна прочина што норвешкиот стручњак едноставно се заљуби во играта на шпанскиот фудбалер кој сепак одлучи да стави крај на својата етапа на „Олд Трафорд“.

При својата промоција во ПСЖ, играчот за врска нагласи дека Солскјер дошол предоцна во Јунајтед и дека поради тоа немало враќање назад за одлуката која веќе ја донел претходно, а на тој начин, се ослободи едно важно место во стартниот тим на „ѓаволите“ со оглед на тоа што Ерера беше речиси незаменлив во плановите на Оле.

Засега, Јунајтед не донесе директна замена за шпанскиот фудбалер, а Оле со својата последна изјава навести дека можно е и да нема такво сценарио.

– Очекувам многу повеќе од Андрес Переира и од Скот МекТоминеј. Тие двајца комбинирано имаа 20 стартови минатата сезона, а сега очекувам секој од нив да има по 20 во новата сезона. Може тоа да бидат нашите двајца фудбалери кои ќе го надокнадат заминувањето на Андер Ерера, – порача Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг