Русите прават хаос на Инстаграмот на Лејди Гага: „Го вративме Крим, и Купер ќе го вратиме“

Точка

17/07/2019

17:51

3.873

Големина на фонт

а а а

Љубовниот триаголник, Ирина Шајк, Бредли Купер и Лејди Гага, изгледа дека посебно ги погодил Русите, кои се одлучни во намерата да ја спроведат правдата за својата сограѓанка Ирина.

Десетици илјади Руси го нападнале Инстаграм профилот на Лејди Гага и ги преплавиле нејзините објави со коментари за нивната наводна љубовна афера која, како што тврдат некои, била пресудна за врската на актерот со манекенката.

Така на последната објава на Лејди Гага може да се видат неверојатни 250 илјади коментари, од кои добар дел се со кирилична поддршка и се однесуваат на нејзиниот однос со Купер. Иако, се разбира, самата фотографија нема никаква поврзаност со Бредли Купер.


„Ирина, не се грижи, ти си убава и ќе ја најдеш својата среќа во љубовта“, „Дали е вистина дека Купер има мал?“, „Русите не ѝ пружија ваква поддршка ниту на Сирија!“, „Барам девојка, но не толку грда како Гага, туку убава како Шајк“, „Го вративме Крим, ќе го вратиме и Купер“, се само некои од коментарите на руските тролови.

Работата отишла толку далеку што троловите сега под фотографиите на Гага оставаат и разни рецепти, информации, на пример за животните, временска прогноза и многу други бесмислени работи, со цел докрај да го тролаат профилот. Гага сè уште не се огласи за ова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг