Каран пред реваншот со Пјуник: Македонските тимови потфрлија во Европа

Дерби

17/07/2019

17:46

387

Големина на фонт

а а а

Шкупи има навидум поволни 3:3 од првиот меч со Пјуник во Ерменија, но во ниту еден случај не треба да значи опуштање во пресрет на утрешниот реванш дуел кој ќе се одигра на националната арена „Тодор Проески“.

Тимот од Чаир одигра навистина добро на гостувањето и до 80-та минута имаше предност од 1:3, но двата гола примени во финишот му даваат навистина голем заплет на овој двобој, а истиот јасно е дека утре ќе добие конечен расплет кога е во прашање патникот во следната квалификациска рунда во Лига Европа.

– Реално, никој не очекуваше ние да играме во Лига Европа, но во фудбалот мора да верувате ако сакате да остварите нешто. Моите фудбалери покажаа голем карактер, Пјуник гледаше на нас како на мал тим, а потоа сфатија со кого си имаат работа. Имавме шанси и за четврти гол на првиот меч, а потоа сфативме дека такви грешки не се простуваат во Европа. Искрено жалам што македонските тимови имаат лоши настапи во Европа, секој резултат, секоја победа која ја остварува македонски тим, носи подобрување на УЕФА коефициентот. Сите ние ја претставуваме Македонија и мора да играме подобро за да го промовираме фудбалот и да се избориме за подобар рејтинг, – порача тренерот Умит Каран и додаде.

– Имаме резултат со кој и 0:0 не носи во наредната рунда, но нема да играме на тоа. Треба да одиграме онака како што знаеме, тешко е да се одбрани 0:0 во ваква ситуација, – додава тренерот на Шкупи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг