Баварците не можат да потфрлат: Протекоа детали за новата генерација на BMW X6

Точка

17/07/2019

16:48

3.496

Големина на фонт

а а а

Ист, но значително подобар – третата генерација на BMW X6 ќе нуди фантастични перформанси и изглед поради кој „ќе се вртат глави“ на улиците.

Оваа година главен новитет на баварската компанија беше „Серија 3“, односно седмата генерација на популарната „тројка“, додека следната година шоуто ќе го украде третата генерација на моделот Х6.

Според autozeitung.de, од 500 метри ќе може да се слушне дека од хаубата се наоѓа V6 мотор, а дизајнерски, секако ќе го следи примерот на своите претходници, со тоа што ќе биде паметно редизајниран за сопствениците на актуелната генерација да не почувствуваат дека преку ноќ нивниот автомобил остарел.


Новата генерација на Х6 ќе биде незначително подолга и поширока, но ќе биде „изградена“ врз новата “CLAR” (Cluster Architecture) платформа, што значи дека ќе биде за 90 килограми полесен и за 20% поцврст од својот претходник. Тоа се должи благодарение на поголемиот удел на материјали изработени од челик со ултра висока цврстина.

Исто така, за повеќе од еден сантиметар ќе биде намалено тежиштето, што ќе понуди дополнително уживање во перформансите и динамиката на возење.


Најмоќниот модел – BMW X6 M ќе има 4,4-литарски V8 мотор кој ќе развива 600 коњски сили и 750 Nm максимален обртен момент, со паметен 4х4 погон и 8-степенски ZF автоматски менувач.

Од 0 до 100 километри на час ќе забрзува за само 4,1 секунди, а максималната брзина ќе биде ограничена на 250 километри на час, а кај Performance верзијата максималната брзина ќе биде ограничена на 280 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг