Ел Чапо оди во затвор од кој никој не побегнал!

Точка

17/07/2019

21:57

5.791

Големина на фонт

а а а

На шефот на најголемиот нарко картел на светот, Ел Чапо, судот во САД денес ќе му ја изрече конечната пресуда, која сигурно ќе биде доживотна казна затвор.

Ел Чапо е прогласен за виновен по 10 точки од обвинението. Се очекува да го мине остатокот од животот во затвор, и тоа во најстрого чуваниот казнено-поправен дом Супермакс во Колорадо. 

Имено, Ел Чапо веќе два пати побегнал од максимално чуван затвор во Мексико. Во своето прво бегство од затвор, Ел Чапо се извлекол со количка за валкана долна облека.

Ако се одлучи на бегство, шефот на картелот го чека малку посериозен предизвик, бидејќи Супермакс, или како што некои го нарекуваат, планинскиот Алкатраз, е на тешко достапна локација со максимални мерки за безбедност и од него се уште никој не побегнал. Опишан како пекол на земјата, затворот е изграден во 1994-та година во близина на старото рударско место Флоренс, на два часа возење од Денвер. Во него живеат најлоши американски криминалци, меѓу кои и Тед Кадински, кој на професори и научници им праќал писма-бомба, терористот од Бостонскиот маратон Џохар Царнаев и припадникот на Ал Каеда Закариас Мусаоуи, еден од учесниците во нападите од 11-ти септември.

Меѓутоа, тешко дека Ел Чапо премногу ќе се дружи со останатите затвореници.

Според извештајот на организацијата "Amnesty International", повеќето жители во затворот првите 12 месеци ги минуваат во самица.

Повеќето затвореници живеат во ќелии со големина 2,1 X 3,6 метри. Во ќелиите се фиксирани бетонски кревети, маса и столче и комбинација од тоалет и туш. Единственото природно светло доаѓа од прозорче со поглед кон небото, пишува "Amnesty". Единствениот контакт кој затворениците го имаат со луѓе е персоналот кој им доставува во храна или во текот на ограниченото време за рекреација, а повеќето затвореници надвор од ќелиите на располагање имаат еден или два часа дневно.

За да спречат комуникација меѓу затворениците, меѓу ќелиите има цврсти и дебели ѕидови, а во ќелијата се влегува преку дебела, цврста метална врата. Најопасните криминалци се затворени во кафези, обиколени со високи ѕидови на кои има метални решетки.

Дневниот рекреациски програм осмислен за затворениците вклучува хобија како читање, цртање и боење со водени боички.

Еден дел од затворениците од време на време за добро однесување може да почувствуваат некаков луксуз, па може да добијат и телевизор, имаат пристап до Нетфликс и можат да гледаат ДВД.

"Животот тука е многу здодевен, и може да претставува предизвик ако не сте психички и физички силен", изјавил еден од затворениците. Друг само кажал дека е среќен што е жив.

Меѓутоа, Роберт Худ, кој таму работел како чувар од 2002-ра до 2005-та година, тврди дека животот во планинскиот Алкатраз е полош од смрт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг