Пирели: Изборот за германското Гранд при

КРУГ.МК

17/07/2019

17:03

1.056

Големина на фонт

а а а

Тимовите имаа можност да изберат помеѓу софт, медиум и хард, кои во Хокенхајм ќе бидат составени од К2, К3 и К4 компонентата.

Иако овие компоненти се помеки од тие на Британското Гранд При, Рено уште еднаш има невообичаен избор со само еден сет на медиум за еден од своите возачи. Рикардо имаше еден сет на медиум во Силвертон, додека Хулкенберг ќе го има истото во Германија.

И Рикардо и Хулкенберг ќе имаат 10 сета на софт, најмногу од тој сет покрај Даниил Квјат и Александер Албон од Торо Росо.

Двајцата возачи на Ферари ќе имаат 9 ста на софт, додека Ред Бул и Мерцедес ќе имаат 8 сета од К4 компонентата за секој од своите возачи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг