Тухел: Знам дека Нејмар сака да си замине

Точка

17/07/2019

15:12

981

Големина на фонт

а а а

Тоа дека Нејмар сака да го напушти париски ПСЖ повеќе не е никаква тајна, а истото го потврди и тренерот на францускиот тим, Томас Тухел.

Бразилецот во рекорден трансфер од 222 милиони евра во 2017-та година премина од Барселона во ПСЖ, меѓутоа сега сака да го напушти Париз.

„Секогаш сум разочаран кога играчот доцна ќе дојде на подготовките. Сега останува се на клубот и на Нејмар. Знаев дека сака да замине и пред Копа Америка“, изјави Томас Тухел и додаде:

„Јас сум тренер, тој е мој играч. Доколку остане во соблекувалната, ќе работам со него. Но, подготвен сум на се и морам да се прилагодувам секој ден“, изјави Томас Тухел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг